Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во „Козле“ уште шест деца сомнителни на туберкулоза – се чекаат резултати од испитувањата и дали се вакцинирани

/

пред 1317 дена

Сподели преку :

Во детската болница „Козле“ има шест деца кои се сомнителни на туберкулоза и чекаат резултати од испитувањата. Децата се од Скопје и немаат никаква врска со починатото 9-месечно бебе, кое беше позитивно на туберкулоза.

Децата биле хоспитализирани уште во петокот, со симптоми на туберкулоза, а биле во контакт со член од семејството, односно двеипол годишно дете кое од крајот на јануари е хоспитализирано на клиниката за Детски болести во тешка состојба, најпрво со менингитис, а по неколку извршени тестирања излегло позитивно на туберкулоза.

Од „Козле“ велат дека освен што ги чекаат резултатите за шесте деца, чекаат и потврди дали децата биле вакцинирани од туберкулоза или не.

Во болницата од почетокот на годината има 11 пациенти заедно со непотврдените случаи со туберкулоза.