Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Куманово уапсена градежна инспекторка која зела поткуп од 4.000 евра

/

пред 702 дена

Сподели преку :

„Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара за сторениот криминал, законот е еднаков за сите. Секое противзаконито работење, ќе биде соодветно казнето“, вели во објава на Фејсбук Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, по апсењето на градежната инспекторка во Куманово, која била фатена со 4.000 евра примени како мито.

  • „Кон крајот на септември, таа при контрола на записник констатирала отстапување од одобрение за градење, но за да на инвеститорот не му издаде решение за запирање на градбата и да не му поднесе соодветна пријава, првично побарала мито од 1.500 евра, а потоа сумата за поткуп ја покачила на 4.000 евра“, соопшти претходно полицијата.

„Ова е уште еден случај кој е показател дека недовосмислено се бориме против митото и корупцијата. Секое противзаконито работење ќе биде соодветно казнето“, пишува Јанев на Фејсбук.