Во Лос Анџелес се одржа 83-тото издание на Златните глобуси, настанoт на кој се наградуваат најдобрите филмови и серии од минатата година.
Меѓу номинираните беа актери како Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс, Џулија Робертс, Џорџ Клуни , Овен Купер, Тимоти Шаламе.

За најдобар филм од жанрот драма беше прогласен „Hamnet“, а во категоријата најдобар мјузикл или комедија победи „One Battle After Another“.

Филмот победи во уште две категории – најдобар режисер и најдобро сценарио.

Во категоријата најдобар анимиран филм победи популарниот „KPop demon Hunters“, додека за најдобра серија од жанрот драм беше прогласена „The Pitt“.

The Studio победи како најдобра серија од жанрот комедија или мјузикл, а очекувано, „Adolescence“ беше прогласена за најдобра мини-серија.

Од филмските актери, со статуетки си заминаа Вагнер Моура, Роуз Бирн, Тејана Тејлор, Тимоти Шаламе и Стелан Скарсгард.

Актерите кои глумеа во серии, за победници беа прогласени Реа Сихорн, Ноа Вајл, Џин Смарт, Сет Роген, Мишел Вилијамс, Стивен Греам, Ерин Доерти и Овен Купер кој е најмладиот добитник на „Златен глобус“.












