Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Мексико убиени двајца новинари за помалку од 24 часа

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Двајца мексикански новинари се убиени за помалку од 24 часа во западните мексикански држави, јавија британските меидуми.

Во западната држава Колима, вчера попладне беше убиена познатата новинарка Патриша Рамирез, позната и по нејзиниот псевдоним Пети Банбери.

Претходно, во градот Уруапан, во западната држава Мичоакан, која за зафатена со насилства, беше убиен новинарот Маурицио Круз, кој работел за локален канал за вести.

Ова се првите убиства на новинари во Мексико откако претседателката Клаудија Шејнбаум дојде на власт. Мексико е една од најсмртоносните земји во светот за новинарите.