Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Мјанмар прогласена седумдневна жалост за жртвите во земјотресот

/

пред 565 дена

Сподели преку :

Во Мјанмар е прогласена седумдневна жалост по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата минатата недела. Според најновите податоци, бројот на загинати се очекува да се искачи на повеќе од 3.000.

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтерова скала ја погоди земјата во петокот, оставувајќи големи разрушувања во Мандалај, Најпџитава и други региони. Хуманитарните групи предупредуваат на сериозен недостиг на чиста вода, храна и медицински помош.

Во најтешко погодените области, спасувачите успеаја да извлечат неколку преживеани, но шансите за пронаоѓање на други преживеани се намалуваат. Противпожарната служба во Мјанмар соопшти дека во Мандалај биле спасени 403 лица, но бројот на мртви постојано расте.

Земјотресот предизвика и штети во соседен Тајланд, каде што загинаа 20 лица, а многу работници беа затрупани на градилиште. Меѓународни спасувачки тимови од различни земји, вклучувајќи ги Русија, Кина и Индија, активно учествуваат во спасувачките напори.