Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во најава нови случаи за корупција од ДУИ?

/

пред 672 дена

Сподели преку :

Многу нови случаи за корупција од поранешни функционери на ДУИ најави премиерот, во одговор на прашање за најновиот повик на интегративците за предвремени избори.Обидите за повторно изборно соочување, но и случувањата околу одлуката на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците, за него се само обид да се сврти вниманието на јавноста кон други теми.

Мицкоски го повтори ставот дека, предвремени избори ќе има само доколку изгубат на локалните избори догодина. Но, доколку победат, очекува ДУИ да ја напушти оваа реторика и да се посвети на внатрешни реформи. Од оваа партија, пак, се упорни во обидите да ја сменат политичката реалност.

ДУИ продолжуваат и со заканите за нарушување на безбедноста. Од синоќешниот партиски собир во Гостивар, Ахмети повторно испрати порака дека со отворањето на прашањето за Законот за употреба на јазиците, ќе се загрозат мирот и стабилноста на државата.

Далиборка Демјанска