Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во понеделник први резултати за загадувањето на воздухот во Трубарево каде изгоре складиште за електронски отпад

/

пред 394 дена

Сподели преку :

Во понеделник се очекуваат првичните резултати од анализите на лабораторијата „Амбикон“ при УГД – Штип која започна со мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево, каде што неодамна изгоре складиште за електронски отпад.

На локацијата поставени се две мерни станици кои 24 часа дневно собираат материјал за анализа.

Ќе се испитуваат вкупно 32 елементи, вклучувајќи олово, жива, арсен, кадмиум и никел, како и други штетни соединенија и органски загадувачи.

Поради непознатата количина и состав на изгорениот отпад, засега не може точно да се одреди зоната на дисперзија.

Ќе се прават и дополнителни анализи на почвата и водата за утврдување на евентуално загадување и потреба од санација.