Најмалку 60 лица загинаа, 11 се водат како исчезнати а голем број се повредени во голем пожар што синоќа зафати петкатна зграда со хипермаркет и ресторан во градот Кут, источен Ирак.
Гувернерот на провинцијата Васит, Мохамед ал-Мајахи, изјави дека пожарот избувнал додека во објектот имало многу посетители кои пазареле или вечерале.
Пожарникарите успеале да спасат дел од затекнатите, а пожарот бил изгаснат во текот на ноќта.
Ирачките власти прогласија тридневна жалост и започнаа истрага за трагедијата.
Според гувернерот, поднесени се тужби против сопственикот на зградата и трговскиот центар, а резултатите од истрагата се очекуваат во рок од 48 часа.











