90 годишно лице загина во пожар кој ја пеплоса неговата куќа доцна синоќа.
Несреќата се случила во во тетовското село Стримница, во Општина Желино, каде настраданото лице живеело само.
Пожарот бил пријавен половина час пред полноќ, а на терен излегле 11 пожарникари со четири противпожарни возила, кои се бореле со огнот до 3 часот.
Тетовските пожарникари успеале да го извлечат починатото лице од запалениот објект.
Од ЦУК информираат дека за случајот бил информиран јавниот обвинител и лекар на судска медицина за понатамошна постапка.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.
Причините за пожарот засега се непознати и се истражуваат.











