Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во првите пет месеци годинава индустриското производство намалено за 0,3 проценти

/

пред 94 дена

Сподели преку :

За 2 проценти е намалено индустриското производство во мај годинава  во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава  споредено со истиот период лани.

Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од 3.6 проценти и од 2,6 проценти Преработувачка индустрија.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, има намалувањето на производството во одделите:  Производство на електрична опрема со 7.8 проценти, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 12.9  проценти и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 2.3  проценти.