Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во САД извршена уште една смртна казна од одред за стрелање

/

пред 333 дена

Сподели преку :

Во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина стрелан е 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за убиство на тројца мажи во 2004 година.

Брајант убил тројца мажи за пет дена. На местото на злосторството, тој оставил порака напишана со крвта на неговата последна жртва: „Фати ме ако можеш“.

Тоа беше 43 егзекуција во САД годинава, што е најголем број од 2012 година. Уште три се планирани пред крајот на годината.

Во САД егзекуциите најчесто се извршуваат со смртоносна инјекција. Годинава 35 осуденици се егзекутирани со инјекција, петмина со инхалација со азот, а тројца биле стрелани во Јужна каролина, првпат од 2010 година,

Смртната казна е укината во 23 од 50-те американски држави. Додека во Калифорнија, Орегон и Пенсилванија се почитува мораториум на егзекуции со одлука на гувернерот.