Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија.
За денеска се закажани интервјуата во Собранието, каде со помош на претставници на невладини и народен правобранител треба да се избере идниот член на ДКСК.
За местото на Цвета Ристовска која си даде оставка влегуваат, Борче Стојановски, Милка Муратовска, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Антонија Андонова Тасевски.
Дел од имињата можат да се најдат и на претходни избори за членови на ДКСК, но уште поинтересно е што некои се совпаѓаат и со имиња и презимиња на донатори на сега владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Листите на донатори се објавени на државниот завод за ревизија, а се однесуваат за избори во 2014 и во 2017 година.











