Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот Александар Вучиќ.
Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсеното лице е од Сомбор, а мерките се преземени поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија.
На уапсениот одредена му е мерка притвор од 48 часа, се вели во соопштението на српското МВР.
Претходно Вучиќ на социјалната мрежа „Х“ изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.











