Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во среда истекува забраната за зголемување на цените на основните производи

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Во среда истекува шестмесечната мерка на владата со која се цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата беа замрзнати.

Од среда оваа мерка се укинува и се очекува цените на овие производи да растат. Според, универзитетскиот професор Зоран Ивановски, ова се популистички мерки, затоа и се мерки со краток рок и без видливи резултати.

Тој предлага државата да интервенира преку други механизми, како што се стоковите резерви, и ваучери за ранливи категории на граѓани кои за жал се се побројни во државата.