Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Студеничани пуштена струјата – но само за жителите кои плаќаат сметки

/

пред 1201 дена

Сподели преку :

По револтот на дел од граѓаните од скопско Студеничани кои останаа без струја повеќе од 12 часа, денеска за Телма велат дека проблемот им се решил и од утринава струја имале. Но според информациите на Телма струја добиле само граѓаните кои ги имале платено сметките. Без струја според неофицијални информации останале оние жители кои имале долгови кон ЕВН. Според првичните и неофицијални информации од ЕВН пак за Телма велат дека се уште не е саниран дефектот.

Проблем со електричната енергија имаа и жителите на Кумановско Слупчане. Екипите на ЕВН во присуство со полицијата успеаа да влезат во селото Слупчане и да го отстранат дефектот по што проблемот со електроснабдувањето беше решен.

  • Вчера околу 16:30 часот беше саниран дефектот од страна на екипите на Електродистрибуција.

Струјата пристигна и донесе радост, но одговорите кој ја скуси за жителите на Слупчане, Лојане,дел од Липково и Студеничани се уште се мистерија. Министерот за економија Крешник Бектеши пак вчера информираше дека струја ќе имаат и ќе мора секој да си ја плаќа сметката.

Симона Петровска