Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Судскиот совет се убедени дека Собранието ќе постапува според Уставот и законите

/

пред 662 дена

Сподели преку :

Судскиот совет се надева дека Собранието ќе го почитува  Уставот. Ова е дел од кусиот одговор за Телма, околу најавите на власта за разрешување на 5 те членови избрани од Собранието, откако законодавниот дом не го усвои годишниот извештај на Советот.

Судскиот совет не  коментира изјави од кој и да е, и цврсто сме убедени дека Собранието на РСМ како уставен и законодавен дом ќе постапува согласно уставните и законските одредби изјавија од судскиот совет, велат од Судски совет.

Кои се следните чекори на власта, како планира да ги разрешува членовите на Судски, премиерот не открива но не се согласува дека тоа би било неуставно, затоа што консултирал правни експерти. Кој го советувал не кажа но тие што ќе толкуваат поинаку ги нарече т.н експерти

-Не би се согласил врз основа на оние мислења од уставни експерти кои јас ги имам, исто така, дека ова е противзаконски и противуставно. Граѓаните ги оценуваат со најниска доверба. Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе и да останат уште подолго таму и уште подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште заглавени во сето она што го направија изминатиот период затоа што имаме неколкумина кои не постоеја досега и сега наеднаш се вознемирени и се појавуваат на површина, таква намера немаме да правиме, рече Мицкоски

 Професорот по уставно право од  Правниот факултет “ Јустинијан Први”,  Денис Прешова вчера беше дециден дека разрешување на т.н. несудски членови на Судскиот совет би било целосно спротивно на Уставот и меѓународните стандарди. Тој објаснува дека членовите на Судскиот совет имаат гаранции за независност многу слични на оние кои ги имаат судиите, а Судскиот совет има уставно загарантирана институционална независност. Прешова предупреди дека ако оваа  индивидуална и институционална независност биде компромитирана на ваков начин  тоа сигурно ќе предизвика сериозни последици и ке биде сериозен преседан. Професорот смета дека постојат многу основи за повикување на одговорност на овие пет, како и некои други, членови на Судскиот совет, но сепак вели дека тоа не може да биде оправдување за противправно постапување.

Елена Ивановска Мукоска