Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Уставен суд се пензионираше и оптимизмот

/

пред 1507 дена

Сподели преку :

Кацарска не е оптимист дека Уставниот суд за брзо време ќе се доекипира. Судот осум месеци функционира без четворица судии, а поминаа и 15 месеци откако тројца од нив се заминати во пензија. 120 пратеници, година ипол не можат да се договорат кој ќе ги наследи тројцата пензионирани судии, а веќе осум месеци, како си замина и четвртиот.  Бавните дискусии и празните столчиња  во Комисијата за избори и именувања, која треба да ги одобри новите предлози, не оставаат многу простор за надеж.

На новите уставни судии чекаат четириесетина предмети кои поминале на седница, но не можат да бидат изгласани затоа што го нема потребниот број на гласови.

Пратениците од пред неколку дена повторно работат на изборот, но седницата тече бавно, повторно со долги дискусии во полупразна сала. На дневен ред е предлогот на ВМРО ДПМНЕ, за уставен избор да биде избран Тодор Витларов од Вишото јавно обвинителство во Штип. Го претставија како сериозен и компетентен, со големо работно искуство во областа на правото.

Досега поддршка добија само судијата во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер и советничката во Министерството за правда, Татјана Васиќ Бозаџиева.

Далиборка Демјанска