Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во верижен судир во Египет загинаа 35 лица

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

Триесет и пет лица загинаа, а 50 се повредени во верижен судир на автобус и голем број возила на главниот пустински пат во гувернијата Бехеира, кој води кон Каиро од Александрија во Египет.

Несреќата се случила на околу 132 километри северно од главниот град соопшти египетското Министерство за здравство.

Државниот весник „Ал-Ахрам“, цитирајќи полициски извори, објави дека истекување масло од едно возило ја предизвикало несреќата, а од силниот удар дел од автомобилите се запалиле. Изгореле 3 автобуси и 10 коли.

Египетските здравствени власти информираат дека најмалку 18 тела биле јагленосани.

Сообраќајните несреќи се чести во Египет, каде патиштата често се лошо одржувани и не се почитуваат сообраќајните правила.

Според официјалните податоци, во 2021 година седум илјади луѓе загинале во несреќи на патиштата на најнаселената арапска земја, во која живеат 105 милиони луѓе.