Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Врховен денеска јавна седница по жалбата за притворот на таткото на убиената Вања

/

пред 950 дена

Сподели преку :

Во Врховниот суд денеска ќе се одржи јавна седница по однос на жалбата против мерката притвор за Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.

Станува збор за предмет оформен по жалба на осомничениот Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката… Таа до Врховен суд следува по одлуката на Апелациониот суд Скопје кој го одби ваквото барањето на одбраната. Според Апелација, жалбата е неоснована.

Вчера пак по предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димковски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

Возачот што го однесе Палчо во Турција излезе од притвор, ќе се брани од слобода