Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1.013.375 граѓани, за гласање пријавени 4.826 болни

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.

Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор гласаат еден ден пред изборите, односно утре.

Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.