Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во вторник вонредна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ за иранскиот напад врз Израел

/

пред 921 дена

Сподели преку :

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел соопшти дека на 16 април ќе се одржи вонреден видео состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ поради синоќешните ирански напади врз Израел.

Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот, објави Борел на мрежата Икс.

Поради ирански напади врз Израел, за денеска е закажана видеосредба на Г-7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН.

Светот стравува од ескалација на конфликтот во регионот, каде војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа трае повеќе од шест месеци, со зголемени судири меѓу Хезболах и израелската армија. Иран ги поддржува и Хамас и Хезболах.