Кина, Русија и Иран почнаа заедничка поморска вежба во близина на Оманскиот Залив. „Петдневните маневри се фокусирани на антипиратски активности, потрага и спасување“, соопшти кинеското министерство за одбрана.
Вежбата наречена „Безбедносна врска 2024“ има цел да ја зацврсти соработката меѓу поморските сили на трите земји.
Ова е четврта ваква воена вежба меѓу нив. Првата беше изведена во 2019 година.











