Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војници влегоа во ТВ студио и објавија дека ја преземаат власта во Бенин – армијата спречи обид за државен удар

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Група војници во западноафриканската држава Бенин влегоа во студио на националната телевизија и објавија дека ја преземаат власта во земјата. Најмалку осум војници се обратија до нацијата дека воениот оптор предводен од полковникот Тигри Паскал ги распушта државните институции, го суспендира Уставот и ги затвора воздушните, копнените и морските граници на Бенин.

Нивниот потег претставува најнова закана по демократските норми во регионот и доаѓа по минатомесечниот пуч во Гвинеја Бисау.

Набргу потоа се јави министерот за внатрешни работи на Бенин кој соопшти дека армијата успеала да спречи државен удар во земјата.