Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војник беше избоден со нож на полско-белоруската границата

/

пред 876 дена

Сподели преку :

Полскиот премиер Туск најави дека ќе ги искористат сите расположливи средства за  зголемување на безбедноста на границите со Белорусија, откако претходно денеска полски војник беше сериозно ранет од страна на мигрант. Војникот е хоспитализиран и сега се наоѓа во тешка состојба.

,,Полските трупи, граничарите, офицерите станаа цел на агресивниот напад. Ние имаме право, да не речам обврска, да ги користиме сите средства што ни стојат на располагање. Сепак кога ја браниме границата, ние го браниме и сопствениот живот“, изјави премиерот Доналд Туск.

Според информациите од полските власти мигрантот ја искачил 5 метри високата ограда, по што го нападнал полскиот граничар прободувајќи го со нож. Тој се уште не е приведен, а се смета дека се вратил на територијата на Белорусија.

Според полските власти зголемениот наплив на мигранти на границата е предизвикан од Белорусија и Русија со цел да се создаде раздор и да се дестабилизира Европа. Владата во Варшава соопшти дека оваа година досега имало повеќе од 13 илјади неуспешни илегални обиди да се премине границата, бројка која што е многу поголема од минатата година.

Пред два дена полското министерство за одбрана презентираше план за зајакнување на безбедносните капацитети на границата со Русија и Белорусија.

2,3 милијарди евра вредниот проект ќе биде имплементиран заеднички со Балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија.