Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војската и полицијата на Србија на највисок степен на борбена готовност, до ниво на употреба на оружена сила

/

пред 1394 дена

Сподели преку :

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ издаде наредба за сите единици на српската Армија и полиција да бидат во состојба на најголема борбена готовност.

„Претседателот на Србија, како врховен командант, нареди Војската на Србија од синоќа да биде на највисок степен на борбена готовност, до ниво за употреба на оружена сила“, изјави министерот за одбрана, Милош Вучевиќ.

И министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ рече дека „по наредба на претседателот“ наложил подигнување на целосно борбена готовност за сите единици на српското МВР.

Вучиќ во текот на вчерашниот ден изјави дека се преземаат сите мерки за заштита на српскиот народ на Косово.