Фирма за складирање и третман на отпад во Струмица доби казна во висона од 18.000 евра затоа што палеле елетрични ротори од моторни возила за да ги извадат бакарните елементи.
Случајот е констатиран од општинска комунална инспекција која во присуство на полицијата вршела вонреден инспекциски надзор.
При вонредната инспекција во фирмата, утврдиле дека ваквите согорувања се прават на отворено спротивно на законот за управување со отпад.
Изречена е казна во висина од 1000 евра и за одговорното лице на фирмата.
Еко активистите во Струмица бараат почести контроли не само на компаниите за третман на отпад, туку и на другите индустриски капацитети кои имаат А и Б интегрирани дозволи.
Но и дополнително опремување на инспекциите.
„Свесни сме дека само со постојан притисок и само со укажување и запознавање на луѓето со проблемите ќе име некакви конкретни промени. Нашите три барања сега се следните. Да почнат со казнување, затворање на објекти па ако и треба на физички лица, да ги запознаеме за последиците од дишење на канцероген воздух, а третата е да примиме предлози како да делуваме“, рече Стојан Велков –еко активист.
Од Општината најавуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет, со цел заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
Сузана Мицева











