Вооружен човек кој уби најмалку шест лица на улиците на Киев во саботата, пред да земе заложници и да се забарикадира во блискиот супермаркет, е застрелан од полицијата, соопштија украинските власти.
Шефот на украинското Министерство за внатрешни работи, Игор Клименко, во изјава на социјалните мрежи рече дека специјалните тактички полициски единици упаднале во продавницата откако обидите да го контактираат вооружениот човек со преговарач не успеале.
Напаѓачот бил убиен додека се спротивставувал на апсењето, рече тој.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во објава на Телеграм изјави дека во пукањето се повредени десет лица, кои се примени на болничко лекување, како и пет лица на кои им е укажана помош на лице место.
- „Моментално, десет лица се хоспитализирани со рани и повреди. Сите тие ја добиваат потребната медицинска помош. Четири заложници се спасени. Сметаме на брза истрага. Истражителите на Националната полиција и Службата за безбедност на Украина работат“, рече Зеленски во објава во Tелеграм.
Зеленски додаде дека им наложил на министерот за внатрешни работи и началникот на Националната полиција на Украина „да ѝ ги достават на јавноста сите проверени информации за овој случај“.











