Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воздухот е енормно загаден во речиси сите градови во земјата

/

пред 683 дена

Сподели преку :

Аерозагадувањето во Скопје и утрово високо. Главниот град се најде на 12-то место на листата најзагадени градови во светот со индекс на загадување 124.

Утрово измерени се 44,7 микрограм на метар кубен ПМ 2,5 честички и 59,4 микрограми ПМ 10 честички.

Воздухот е обележан како нездрав особено за ранливите категории граѓани. Според апликацијата „Ај Кју Еар“ нивото на ПМ 2,5 честичките е девет пати над дозволената граница поставена од СЗО.

Ништо поразлична не беше ситуацијата и при синоќешните мерења покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина според кои загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките покажа нивно двојно и тројно зголемено присуство.

Во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот беше поголема од максимално дозволените вредности.

Од другите градови високи концентрации со ПМ10 честичките во воздухот регистрирани се и во Кавадарци, Кичево, Битола,  а високи беа и вредноститре во Струмица, Куманово, Охрид, Гостивар.