Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воздухот во Скопје утрово енормно загаден

/

пред 674 дена

Сподели преку :

И утрово Скопје се буди со енормно загаден воздух. Мерните анализи на апликацијата Ај Кју Ер покажуваат дека воздухот утринава во главниот град е нездрав.

Според податоцитеобјавени на интернет страницата утрово беше измерен индекс на загадување од 167 и се најде на 14то место на неславната листа најзагадени градови во светот.

Измерена е концентрација од 79 микрограми на метар кубен ПМ 2,5 честички што пак е многу пати над дозволената горна граница поставена од Светската здравствена организација.

По општини утрово најзагадено е во скопската општина Лисиче, а веднаш по неа на листата се најдоа Центар, Ректорат, Гази Баба, Карпош.

Препораките на здравствените работници во вакви околности се да се избегнува подолг престој на отворен простор, повеќе да се поминува време во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздух.

Апелираат особено до ранливите категории кои имаат хронични болести но и до бремените жени да не излегуваат на отворено без потреба.