Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 57-годишен жител на с. Трубарево за кривично дело – загрозување на безбедноста во сообраќајот, по инцидент кој се случил во текот на вчерашниот ден на патот меѓу селата Петровец и Долно Коњари.
Осомничениот управувал возило „Мерцедес“ со неважечка сообраќајна дозвола и под дејство на алкохол.
Неприлагодувајќи ја брзината според условите на патот, изгубил контрола, преминал во спротивна лента и директно удрил во „Шкода“ со пет лица – меѓу кои и две 8-месечни бебиња.
Сите се здобиле со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Обвинителството побара од судот да му одреди мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во суд и одземање на возачката дозвола.











