Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените во Филхармонија на протест пред Министерството за култура

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Вработените во Македонската филхармонија денеска организираат протест пред Министерството за култура и туризам, поради сомнежи дека конкурсот за избор на нов директор се спроведува незаконски.

Ова е втор протест на вработените, кои пред една недела добија ветување од министерот Зоран Љутков дека конкурсот ќе биде спроведен во согласност со законот и дека ќе биде избран најдобриот кандидат.

Меѓутоа, синдикатот на Македонската филхармонија изразува загриженост дека кандидатот Мустафа Имери, за кого се претпоставува дека ќе биде назначен за директор, не доставил комплетна документација, иако конкурсот јасно предвидува дека непотполни документи нема да бидат разгледувани.

Дополнително, комисијата му дала рок од три дена на Имери да ги дополни документите, што, според синдикатот, го нарушува конкурсниот процес.

Протестот следи по изјавата на вицепремиерот Изет Меџити, кој посочи дека Филхармонијата ја добила ВЛЕН и дека Мустафа Имери ќе биде назначен за нов директор.