Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените во фирмите на Крмзов најавија протести

/

пред 719 дена

Сподели преку :

Вработените во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов наредниот понеделник ќе извадат 50-тина возила и механизација на протест пред Регионалната дирекција на УЈП во Струмица. Велат дека поради самоволието на раководните структури во УЈП и злоупотребата на нивните овластувања, пет фирми на Крмзов имаат блокирани сметки, а околу 500 вработени не може да земат плата. На протест ќе излезат вработените во Крмзов МР, Агро-Крмз, Џокс премиум, Хотел Вила Парк и Никфан транс.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, полицијата и УЈП пред еден месец извршија претрес во домот и во фирмите на Крмзови во рамки на предистражна постапка за даночно затајување, даночна измама и перење пари. Четири лица биле на распит во обвинителството во врска со случајот, но биле пуштени. Адвокатите на Крмзов велат дека не само што ништо не должат, туку оти државата им должи ним за поврат на ДДВ.