Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Им доцнат плати, немаат здравствено – протест на вработени во фирми основани од ЈП „Паркови и зеленило“

/

пред 436 дена

Сподели преку :

„Имам проблем што немам здравствено, не можам да отидам на лекар и раката цела ми е отечена, што да кажам немам ни пари да одам на лекар“, вели вработен во фирма основана од ЈП„Паркови и зеленило“.

Со ваква мака и без плата, овој вработен излезе на протест. Но не е единствен. Со него дојдоа и негови колеги. Некои од нив се хронично болни, има и онколошки, но и кардиолошки пациенти. Сите со иста цел – аларм за надлежните да им пуштат плата, но и здравствено осигурување. Работат во „Флораком“ и „Луна“, но незадоволни што не се третирани еднакво како нивните колеги од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кои се основачи на двете фирми. Загрижени за нивното здравје и финансиска состојба раскажаа пред камерата на Телма.

„Плата има-нема. Здравствено имаме, па немаме. Немаме никакви привилегии. Се примаат нови вработени. На нас не ни плаќаат, а има оглас минатиот месец, има 15 нови вработени. Два месеца немаме земено плата, а здравствено месечно ден-два дали имаме. Нема ништо значи. Со месеци и години е така“, вели вработен во фирма основана од ЈП „Паркови и зеленило“.

„Ми кажаа дека алергија од трева, а со трева работам таму. Да барам друго работно место, нема да ми дадат“, вели вработен во фирма основана од ЈП „Паркови и зеленило“.

„Минатиот месец бев без терапија. Нормално, состојбата ми се влоши, па ајде сега се надевавме. Ни ветија минатата недела дека ќе има плата, ништо од тоа. Вчера имавме состанок со директорот не ни даде прецизен одговор кога би очекувале плата за јуни да ни се активира здравственото, а за јули воошто не ни станува збор“, вели вработен во фирма основана од ЈП „Паркови и зеленило“.

„Нека пуштат и здравствено и плата. Веќе не се издржува“, вели вработен во фирма основана од ЈП „Паркови и зеленило“.

Револтот и денеска го изразија преку протест. Го блокираа булеварот „Илинден“ кај градските бараки и упатија последен апел. Игнорантски однос од раководството и барања за средби но неуспешни, вака изгледале обидите на синдикатот да го решат проблемот.

„Ова од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје коешто се случува веќе е крајно нехумано, бидејќи со неисплаќањето на плати, вработените се принудени да протестираат на овие пеколни горештини на плус 40 степени и, за жал, на тој начин уште повеќе им се влоши нивната здравствена состојба“, вели Стојанче Кашиковски, претседател на синдикат при СУТКОЗ.

И денеска се обидовме да добиеме став од ЈП „Паркови и зеленило“ за проблемите за кои алармираат вработените, но не добивме одговор. Претходно беше одржан уште еден протест на кој, како што велат вработените, им било ветено дека исплатата на месечните примања ќе биде во ист период со колегите од ЈП „Паркови и зеленило“, но сепак тоа не се случи.

Симона Петровска