Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Вреди“ е посакуваниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Влада, разговорите допрва ќе почнат

/

пред 891 дена

Сподели преку :

Сигналите и пораките од палатата „Христо Татарчев“ кон Коалицијата „Вреди“ од ден во ден се сè појасни и сè погласни и останува прашање на време е кога официјално лидерите ќе седнат на маса за да почнат со разговорите и пеглањето на евентуалните разлики.

Вчера и денеска контакти на високо ниво меѓу очекуваните идни коалициони партнери во Владата немало, а според извори на Телма, во моментов се анализираат резултатите и податоците од изборите, се подготвуваат извештаите за регистрираните нерегуларности и се подготвува стратегијата за разговорите за влез во Влада, бидејќи ставовите на Коалицијата „Вреди“ околу клучните прашања кои се поврзани со отворање на Уставот се јасни и неколкупати повторени и во еден дел се во колизија со оние на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и најверојатно иден мандатар вчера беше дециден околу внесувањето на Бугарите во Уставот кое може да се реши со анекс на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Според аналитичарит,е отстапки ќе бидат потребни од двете политички страни во делот на избор на претседател на државата во Собранието и внесувањето на Бугарите во Уставот, а ќе треба да се фокусираат и на економските прашања кои се клучни за граѓаните.

Според информациите на Телма, се очекува разговорите меѓу „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ да почнат наредните денови и не се исклучува можноста тоа да биде и викендов.

Огнен Чанчаревиќ