Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горд сум на Преспанскиот договор – Ципрас поднесе оставка во СИРИЗА

/

пред 1209 дена

Сподели преку :

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас денеска поднесе оставка на функцијата, откако 14 години беше на чело на грчката левичарска партија. Истовремено, тој иницираше постапка за избор на негов наследник.

Во обраќањето на денешниот вонреден состанок на канцеларијата на партијата, тој порача дека СИРИЗА треба да се посвети на новите предизвици и да ги исполни очекувањата. Притоа истакна дека нема да се кандидира на внатрепартиските избори за претседател, но оти ќе остане активен партиски член.

Ципрас пред присутните нагласи оти е горд на постигнатото за време на неговиот мандат, особено истакнувајќи го Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на повеќедеценискиот спор меѓу Атина и Скопје.

Ципрас беше премиер на Грција од 2015 година до 2019 година, а неговата оставка доаѓа по катастрофалниот пораз на неодамнешните избори на кои СИРИЗА освои помалку од 18 отсто од гласовите.