Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучевиќ: Изборот на мандатарот сведен на две лица, името ќе биде објавено за 24 до 36 часа

/

пред 549 дена

Сподели преку :

Во следните 24 часа, односно максимум 36 часа, претседателот на државата ќе биде известен за името на мандатарот за нова влада, човек за кој мислиме дека треба да му се довери мандатот. Тоа го изјави денеска претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ. Според него, партиските органи ќе донесат одлука за името на мандаарот.

Неговата партија заедно со коалициските партнери со кои учествуваше на изборите е за формирање нова влада, а не за нови избори.  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги продолжи консултациите за мандатот на новата влада што почнаа вчера.

Вучевиќ, по разговорите со Вучиќ, изјави дека имаат парламентарно мнозинство и  сметаат дека има законски и легитимни услови да се избере нова влада до 18 април, односно до истекот на рокот што го дефинира законот по оставката на премиерот.