Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: Не добивме никаков одговор од САД за продолжување со работа на рафинеријата во Панчево

/

пред 316 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека државата не добила позитивна одлука од САД за издавање лиценца на Нафтената индустрија на Србија (НИС), што значи дека рафинеријата во Панчево ќе мора да запре работењето. Наведе оти е договорено, на ризик на Србија, да се обезбеди платен промет со НИС до крајот на оваа работна недела.

Вучиќ Како дополнителен проблем, тој го наведе и одбивањето на хрватски ЈАНАФ да дозволи увоз на нафта за српските стокови и задолжителни резерви. Вучиќ изјави дека се обидува рационално да ги анализира причините за ваквата ситуација, иако, како што рече, не ги разбира потезите на меѓународните партнери.

На средбата посветена на енергетската стабилност присуствуваа премиерот Ѓуро Мацут, министрите од економскиот и одбранбениот сектор, гувернерката на НБС и претставници од клучните државни институции и енергетски компании.