Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ предлага Србија да биде домаќин на средбата Путин-Трамп – Вели Србија е единственото неутрално тло

/

пред 645 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека никогаш до сега не се вклучувал во светските проблеми, но сега предлага Србија да биде домаќин на еветуални преговори меѓу Трамп и Путин за ставање крај на војната во Украина.

„Никогаш не сум се вклучил во светските проблеми, но Србија е заинтересирана да биде место за средба на претседателите на Русија и Америка. Ние сме целосно подготвени да ја гарантираме безбедноста на двајцата претседатели. Зошто? Србија не е само формално надвор од воените блокови, како и некои други земји кои ги нудат своите земји домаќини, Србија во суштина е надвор од двата блока, НАТО и ОДКБ. Не постои земја што може да се спореди со Србија во однос на нивото на поддршка за претседателот Трамп. „А од друга страна, Србија е земја во која претседателот Путин е сè уште многу, многу популарен“, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија е единственото тло на земјината топка што би им одговарало и на Трамп и на Путин.

Претходно денеска Швајцарија се понуди да биде домаќин на евентуална средба на двајцата светски лидери, а вакви покани упатија и некои други земји.

„Темп“: Швајцарија изрази подготвеност да биде домаќин на средба меѓу Трамп и Путин за Украина