Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на поддржувачите на влезот на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад и кажа дека државата презела сè за одговорните за насилството во Нови Сад да бидат казнети.
Пренесе три пораки, од кои првата е дека сите одговорни за трагедијата во Нови Сад ќе одговараат и дека државата ќе им помогне на семејствата.
Втората порака е до оние кои мислат дека со насилство можат да ги менуваат нештата.
Прво дека со насилство ништо нема да постигнете во модерна и пристојна Србија, а второ во рамки на истото нешто е што ве молам никогаш да не им одговараме онака како што тие мислат дека можат да се однесуваат и дека никогаш нема пристојна Србија да ја победат“, кажа Вучиќ и додаде дека со Нови Сад никогаш повеќе нема да управуваат оние кои го мразат српскиот народ.
Најави дека почнува најголемата акција против нарко-дилерите и дека Нови Сад ќе биде исчистен од оние кои помислиле дека можат да управуваат со државата со насилство.
Вучиќ истакна и дека синоќа запалил свеќи на автобуската станица за спомен на жртвите.











