Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: Србија би прифатила членство во ЕУ без право на вето, поважен е протокот на луѓе, стока и капитал

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ би прифатил членство на Србија во Европската унија (ЕУ) кое не би било полноправно. Поважни се, вели, пристап до пазарот и протокот на луѓе.

За Србија е прифатливо членство во ЕУ без право на вето, рече претседателот Александар Вучиќ за германски „Франкфутер алгемајне цајтунг“, пренесуваат српските медиуми.

„Најважен аспект за нас е пристапот до внатрешниот пазар, како слободен проток на стоки, луѓе и капитал. Тоа се централни вредности штосакаме да ги постигнеме со членството во ЕУ“, изјавил Вучиќ за германскиот весник.

Германскиот весник потсетува дека Вучиќ, со согласноста за членство без право на вето, се придружил на албанскоот премиер Еди Рама кој е истото сценарио за неговата земја.

Од ЕУ веќе подолго време се споменува можноста за такво членство „на чекање“, пришто новите членки со години не би биле полноправни или дури би биле под мониторинг. Некои кругови во Германија, а очигледно и на Балканот, сметаат дека единствено така е можно проѓирување на членството на Унијата во скоро време.