Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За бесплатни услуги матични гинеколози наплатувале за прегледи, а некои не издавале ниту фискални- утврдија ФЗО и УЈП

/

пред 292 дена

Сподели преку :

За прегледи кои им следуваат бесплатно, пациентки плаќале кај своите матични гинеколози. Иако ехо прегледот, колпоскопијата и ПАП тестот, согласно договорната обврска со Фондот за здравствено осигурување, следуваат бесплатно, на пациентките им биле барани пари. Овие неправилности ги откри заедничката контрола на Фондот за здравство и на УЈП кои утврдија дека речиси половина од проверените установи работеле спротивно на договорот со државата. Вкупно 23 приватни ординации добија казни и санкции, едни за незаконска наплата на бесплатни услуги, други за неуредна евиденција.

„Обврска на приватните здравствени установи е да имаат јавно истакнато дека овие работи што ги кажав не смеат да бидат наплатени, меѓутоа воспоставена пракса е спрема претставките што стигаат до нас да се наплаќа 500 денари дали за цд дали за некоја дополнителна работа. Мислам дека во наредниот период и тоа ќе го појасниме меѓутоа тоа е пакетот на бесплатни здравствени услуги и тие не смеат да бидат наплаќани“, вели Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Најлоша состојба е евидентирана во Струмица. Од пет контролирани ординации само една работела законски, кај четири има неправилности. Најмалку неправилности имало во Битола и Прилеп, дури 70 отсто работеле според правилата.

„Неправилности само кон ФЗО имаат три установи, кон УЈП имаат 11, а кон двете институции има кај девет установи. Од утврдените 12 установи кон Фондот, главна неправилност е наплата на дополнителни средства од осигурани лица кај осум ПЗУ и неуредна евиденција кај пет ПЗУ. Од УЈП се утврдени неправилности со фискализација кај 20 установи“, вели Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Матичните гинеколози со реакција.

„Ова несоодветна и неправилна наплата кај матичните гинеколози е последица. Причината лежи во недефиниран сет на услуги коишто се на терет на ФЗО. Ако се договориме дека во сетот еден пап е бесплатен на три години како што е во националниот протокол тогаш тој ќе биде бесплатен. Ако се договирме дека рутински ехо прегрелд на три години ќе биде беспалтен тогаш ќе биде бесплатен. Ако колпоскопија по секој поитивен пап тест ќе биде бесплатен тогаш така и ќе биде. Треба да седнеме и да ја отстраниме причината за оваа појава. Ние тоа го бараме од 2007 година“, велат од  мзтичните гинеколози.

Од УЈП апелираат пациентките секогаш да бараат фискална сметка, додека Фондот ги охрабрува да поднесуваат претставки и да не молчат. Контролите биле спроведени во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица  градови од каде што пристигнале поплаки. Казните за прв прекршок се движат од 400 до 1.500 евра. При повторување на грешките следуваат повисоки глоби и раскинување на договорот со Фондот. Во моментов, ФЗО има склучено договори со 149 приватни гинеколошки установи.

Симона Петровска

Б.С.