Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина, изјави дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили. Тоа вклучува евакуација од опколениот и уништен град Мариупол, но евакуацијата од тој град е можна само со приватни автомобили, рече Верешук.
Пет од девет коридори се договорени од источниот регион Луганск, за кој властите велат дека е под силен руски напад.











