Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За „домаќинско работење“, екс директорот на ИЈЗ си делел за себе и соработниците и по три пати повисоки плати

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Несоодветно евидентирање и чување на реагенси, и злоупотреби со исплата на додатоци и награди на платите на дел од вработените – се само дел од нерегуларностите кои биле практикувани од страна на претходното раководство на Институтот за јавно здравје, а кои денеска ги кажа на прес конференција директорка Марија Андоновска.

Според Андоновска имало група вработени кои со години (6-7 години) не доаѓале на работа а им плаќале по 200 евра на нивни колеги да ги евидентираат.

Високите награди се оправдувале со  образложение  „за домаќинско работење“ или за „извонредна успешност“ а со кои платите на дел од вработените се искачувале и до астрономски суми.

Како пример Андоновска ги посочи примањата на архиварот кој земал плата од 98.000 денари, а редовно бил наградуван и со награди и додатоци. Тој бил и во групата која добивала „пасивна и активна приправност“, што се исплаќала и на админстративците иако според Законот за здравствена заштита  овие додатоци следувале само на докторите. Награди си делел и директорот кој си се частел со сума која била и три пати поголема од платата која му следувала по коефициент.

Буџетот се трошел без  преседан – па така и со вработени лица во Институтот се склучувале договори на дело.

„За полевање на цвеќе, за чистење на дворот, за архивска граѓа на 20 вработени им се исплатувале од 40.000 до 88.000 денари месечно, плус платата“, рече Андоновска

Андоновска очекува и Обвинителството  да почне постапка и да  истражи злоупотреби по буџетот.