Додека прес канцеларијата на Белата куќа им ја повлече акредитацијата на најреномираните светски новински агенции Асошиејтед прес и Ројтерс, на денешната историска кавга во Овалната соба помеѓу Доналд Трамп и ЏД Венс од една страна, и украинскиот претседател Володимир Зеленски од друга.
Потегот на администрацијата на Трамп е последен во низата докази дека Вашингтон за 180 степени го менува курсот во погледн на Украина и безбедносната ситуација во Европа.
Откако пред целата светска јавност Трамп и Венс го омаловажуваа и навредуваа Зеленски, често пати и со кренати гласови, прес службата на Белата куќа соопшти дека акредитацијата на рускиот новинар на ТАСС била пропуст.
ТАСС не беше на листата одобрени медиуми за денешниот настан. Веднаш откако тоа му беше укажано на персоналот на прес службата дека тој се наоѓа во Овалната соба, тој беше испратен надвор од прес секретарот, се вели во соопштението на прес службата на белата куќа.
Ројтерс е последната жртва на нетрпеливоста на Трамп, додека пак акредитациите на репортерите на Асошиејтед прес повеќе од две недели им се одземени за Белата куќа и претседателскиот авион, поради одбивањето на агенцијата да го користи новото име на Мексиканскиот залив, кое Трамп во првите потпишани извршни наредби го смени во Американски залив.











