Министерот за правда Кренар Лога најголем подарок во неговата 7-месечна министерска кариера токму неизгласувањето на законот за амнестија. Тој во вечерашната Топ Тема објаснува дека досега се чувствувал одговорен за проблемите во затворите, но и за 2800-тини осудени лица со упатен акт, кои сега остануваат на слобода.
- Од влера таа одговорност веќе не е моја. Не е ниту формално-правно, бидејќи јас сум врзан со постапки кои треба да ги изгласа Собранието. Инаку, како е мој проблем?! Проблем ќе биде ако не нудам решенија, а тие се веќе на хартија, ги доставив материјалите до сите пратеници, бруто материјали, не изработени. Извештај од САД, од ЕУ, имате – читајте.











