Алармантна состојба со човечки кадар, ресурси и услови за работа во судовите и јавните обвинителства, покажува истражувањето на Коалицијата за правично судење. За пет години, бројот на судии се намалил за една четвртина. Не само судии и обвинители, загрижувачки е недостатокот и на службеници додека бројот на предмети расте.
Финалната анализа со податоци и препораки оваа невладина ќе ја достави до Судскиот и обвинителскиот совет и други институции за да се најде решение што поскоро и да се спречи задоцнета или неквалитна правда што е еднакво на неправда, велат од коалицијата.











