Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За петти септември одложено судењето против Нино Васев

/

пред 470 дена

Сподели преку :

За петти септември е одложен Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија, поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска нејзиниот бранител, адвокат Јовица Страшевски до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

Судијката Снежана Марковска, која го води случајот, го прифати барањето за одлагање на денешното рочиште поради отсуството на второобвинетата, а со цел, како што наведе и Судот да се запозна со барањата на одбраната за отфрлање на дел од доказите, прибавени од Обвинителството.

Според обвинението, првообвинетиот, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози за несовесно лекување на пациенти