Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За помалку од 12 часа продадени 50.000 влезници – распродаден концертот на Дејвид Гета во Скопје

/

пред 142 дена

Сподели преку :

Концертот на француската и светска мега ѕвезда, Дејвид Гета во Скопје по повод Денот на независноста, а во рамки на неговата турнеја The Monolith, официјално е распродаден, објави Авалон Продукција на Фејсбук која се јавува како коорганизатор на музичкиот настан, заедно со владата.

„Официјално е распродаден целиот капацитет на арената „Тодор Проески“. Продадени се 50.000 влезници за помалку од 12 часа“, се наведува меѓудругото во објавата на Авалон продукција на Фејсбук.

Од Авалон и порака дека секој кој има купено влезница за настапот на Дејвид Гета ќе добие PDF со влезниците најдоцна до недела (17 мај).

С.Д.

Дејвид Гета доаѓа во Скопје на Денот на независноста