Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За прв пат од почетокот на војната, повеќе луѓе влегле во Украина од Полска отколку што заминале

/

пред 1631 дена

Сподели преку :

За прв пат од почетокот на руската инвазија, повеќе луѓе влегле во Украина од Полска отколку што отишле во таа земја членка на ЕУ.

Полската гранична служба објави дека во саботата во Украина влегле 22.000 луѓе од Полска. Границата во спротивна насока ја минале 19.200 луѓе.

Кличко предупредува: Киев се уште не е доволно безбеден

Според Би-Би-Си, се повеќе луѓе се враќаат во Украина. Некои ги посетуваат роднините кои живеат во близина на границата, но некои се враќаат во своите домови и покрај предупредувањето на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, дека главниот град сè уште не е доволно безбеден за да се врати.

Според ОН, повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната. Но, повеќе од 650.000 илјади се вратија во Украина од Полска.