Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За разрешувањето на судијата Рибарев ќе одлучува жалбениот совет на Врховниот суд

/

пред 171 дена

Сподели преку :

Разрешување на судијата Стојанче Рибарев оди под лупа на жалбениот совет на Врховен. Можноста за ревизија на одлуката на Судскиот  совет да го разреши следува откако Европскиот суд за човекови права ја усвои тужбата на Рибарев и утврди дека му било повредено правото на фер судење.

Екс судијата побара повторување на постапката. Судскиот совет, на затворена седница,  одлучи предметот да го испрати пред Советот за жалби во Врховен.

  • „Го усвои Извештајот на Комисијата за основаност на барањето за повторување на постапка по повод Пресуда на Европскиот суд за човекови права и одлучи предметот да го достави до Советот за жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија“, известија од Судски Совет.

Рибарев беше разрешен за нестручно и несовесно работење на функцијата затоа што како ВД претседател на Кривичниот суд  влијаел и имал контрола на  распределбата на предметите особено на предметите кои биле  иницирани  од страна на СЈО. Неговото  разрешување  падна пред жалбениот совет  во Врховниот суд.

Судскиот совет и во повторената постапка во 2022 донесе иста одлука. Тој немаше можност повторно да се жали, а ЕСЧП оцени дека поради тоа му е направена повреда на  чл. 6 од конвенцијата.

Елена Ивановска Муковска